Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Мењан е нов голман на Милан

25-годишниот Мањан доаѓа од Лил за 13 милиони евра и стави потпис на договор до 2026 година според кој ќе заработува 3 милиони евра по сезона.

Екипата на Милан има нов голман за следната сезона затоа што официјално потпиша договор со Мајк Мењан од редовите на француски Лил.

Мањан ја освои шампионската титула со Лил и беше избран за најдобар голман во Лига 1.

Според италијанските медиуми, Милан за ангажман на Мењан на Лил ќе му плати 13 милиони евра плус два милиони во бонуси.

Неговото потпшување со Милан значи и крај на престојот на Донарума на Сан Сиро, тој е во потрага по нов клуб.