Connect with us

Фудбал

Официјално, Меси нема да игра против Лајпциг

Аргентинецот Лионел Меси нема да настапи на утрешниот меч за ПСЖ против германски Лајпциг. Причина за тоа е повреда, заработена на пресметката со Лил во првенството викендов.

Францускиот клуб соопшти денеска дека Меси „чувствува болки во левото колено“ и поради тоа ќе го пропушти гостувањето во Лајпциг.

Меси беше заменет во петокот во триумфот на ПСЖ над Лил од 2-1 поради проблеми со мускулите.