Ракомет
Официјално: Одложен е натпреварот ПСЖ – Вардар
Скопје, 27 октомври 2020 (МИА) – Натпреварот од 6. коло на А групата во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Вардар 1961 е одложен. Средбата беше планирана за 28 октомври во Париз.
– Причината за откажувањето на натпреварот е што тимот на Вардар 1961 пријави дека има членови позитивни на Ковид-19 на последното тестирање.
По консултациите со ЕХФ решено е натпреварот да биде одложен, и закажан дополнително во друг термин, соопштија попладнево „црвено-црните“.
За Вардар ова ќе биде трет одложен натпревар, по оној со Елверум и ПИК Сегед. И ПСЖ има еден одложен меч оној со ПИК Сегед. зс/