Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Оле Гунар Солскјер доби отказ од Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер не е повеќе тренер на славниот англиски тим Манчестер Јунајтед. Причината секако е позната, слабите резултати. Само во последните пет печа, Јунајтед доживеа четири порази во Премиер лигата, а се чини дека чашата ја прели убедливиот пораз од Ватфорд вчера од 4:1.

– Оле секогаш ќе биде легенда на Манчестер Јунајтед и со жалење дојдовме до оваа тешка одлука. Иако изминатите неколку недели беа разочарувачки, тие не треба да ја прикријат целата работа што тој ја направи во изминатите три години за да ги обнови темелите за долгорочен успех. Оле заминува со нашата најискрена благодарност за неговите неуморни напори како менаџер и нашите најдобри желби за иднината. Неговото место во историјата на клубот секогаш ќе биде сигурно, не само поради неговата приказна како играч, туку како голем човек и менаџер кој ни даде многу одлични моменти. Тој засекогаш ќе биде добредојден назад на Олд Трафорд како дел од семејството на Манчестер Јунајтед, се вели во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Реклама

Facebook

Реклама