Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Поради коронавирус одложено „Дербито на Италија“, новиот термин нема да му се допадне на Интер

Дербито на Италија помеѓу Јувентус и Интер кое требаше да се одигра утре вечер е одложено поради коронаворис. Претходно беше одлучено да се игра без публика, но раководството на Серие А поради избегнување на целосен ризик одлучи мечот да не се игра воопшто, односно да се одложи за 13 мај.

Но, новиот термин нема да му се допадне на Интер. Имено, по овој дуел ќе останат да се играат уште две кола, а токму во тој период би можело да значи и битка за титулата. Веднаш по дуелот со Јувентус на 13 мај, Интер ќе треба на 17 мај да игра на домашен терен со Наполи, а потоа на 24 мај да и гостува на Аталанта. За 10 дена три тешки мечеви, кои би можеле да влијаат на конечниот изглед на табелата.

Исто така дополнителен пронлем прави и финалето во Купот кое е закажано за 20 мај, а Интер во моментов ја игра полуфиналната пресметка со Наполи, резултатот од првиот меч е 1:0 во корист на наполитанците.

Ова се одложените мечеви поради коронавирус во ова колоа:

ЈУВЕНТУС – ИНТЕР

МИЛАН – ЏЕНОВА

ПАРМА – СПАЛ

САСУОЛО- БРЕША

УДИНЕЗЕ – ФИОРЕНТИНА