Connect with us

Фудбал

Официјално: Седлоски нов тренер на Работнички

Гоце Седлоски и официјално е нов тренер на Работнички и ќе го наследи Милан Илиевски кој имаше лоши резултати оваа сезона. Нов сопственик на тимот од Дебар Маало е „Џевахир“, турска компанија, која секако според изборот на новиот тренер има големи амбиции. Деталите од договорот не се познати.

Во својата тренерска кариера, Седлоски работел во Турново, Вардар, Рига, Широки Бријег, вториот тим на Динамо Загреб, Шкупи и Влазнија Албанија. Како тренер Седлоски има две шампионски титули со Вардар 2015/2016 и 2016/2017-та.