Connect with us

Фудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Серие А зад затворени врати еден месец

ОФИЦИЈАЛНО: Серие А зад затворени врати еден месец

Сите мечеви во Серие А ќе се играат пред празни трибини во следните месец дена, потврди комисијата за натпревари. Владата на Италија, фудбалскиот сојуз и Серие А се согласиле поради епидемијата со коронавирус дека е најдобро наредните месец дена да се игра без присуство на публика.

Во последните две недели одложени се осум мечеви од Серие А, вклучувајќи го и големото дерби помеѓу Јувентус и Интер.

Во Италија досега се потврдени 2.502 случаи со коронавирус, а бројката на починати е над 70.