Connect with us

Фудбал

Официјално: Ѕвездата на Реал Мадрид не доаѓа во Скопје! (ФОТО)

Она што се претпоставуваше пред неколку дена, сега е официјално. Ѕвездата на Реал Мадрид Џуд Белингам не доаѓа во Скопје. Поради повреда на рамото тој нема да игра во дресот на Англија на квалификацискиот меч против Македонија на 20-ти ноември.

Вкупно пет репрезентативци на Англија до сега го откажаа настапот за доемвриските мечеви. Претходно тоа го направија и Џејмс Медисон, Калум Вилсон и Луис Данк кои ќе бидат заменети од Кол Палмер, Езри Конса и Рико Луис.