Тајмаут
Огбона: Англија се смееше на Италија, не ја сфати сериозно целата ситуација
Италијанскиот дефанзивец на Вест Хем, Ангело Огбона признава дека во Англија со подсмевање го следеа почетокот на пандемијата на коронавирусот во Италија.
Анџело Огбона го напушти Јувентус и се пресели во Вест Хем во јули 2015 година и има одиграно 152 натпревари од преселбата во Премиер лигата. Открил дека неговата сопруга повторно е бремена и дека е тешко да се живее во стан во Лондон.
„На почетокот имаше скептицизам, се што се случуваше во Италија за коронавирусот се третираше површно. Англичаните го потценија овој исклучително сериозен глобален проблем. На почетокот ни се потсмеваа, на Италија, мислеа дека го преувеличуваме проблемот и ги преувеличувавме работите“. рече Огбона, додавајќи:
„Живеам во Лондон, но веднаш се загрижев за нас овде и за моето семејство во Италија. Морам да ви кажам дека во Лондон малку повеќе се загрижија за ситацијата. Супермаркетите беа празни, надвор имаше помалку луѓе. Но, Лондон не е цела Англија“.