Фудбал
Огромана почит од Погба кон Азар
Во викендот пред нас посебно внимание во светот на фудбалот привлекува дуелот на поранешниот и сегашниот тим на Жозе Мурињо.
Челзи под водство на Маурицио Сари доминира оваа сезона, а тоа не може да се каже за Јунајтед, кој е час добар, час лош.
Дуелот на Стемфорд Брич, без обзир на се, не може однапред да се прогнозира колку и да е Челзи доминантен, а Јунајтед катастрофален, еднакво се остава простор за сите солуции.
Ова воедно ќе биде и судир на различни ѕвезди, а во посебен фокус се Еден Азар од дена страна и Пол Погба од друга страна. Нема сомнение дека Азар во овој момент е во Топ 5 играчи во Европа, а за тоа е свесен и францускиот репрезентативец.
„Челзи оваа сезона ига одлично, победува, а имаат и еден човек кој е посебно опасен – Еден Азар. Тој е ‘on fire’ и веројатно е и најдобриот напаѓач во Премиер лигата во овој момент. НЗа нас е добро што се вративме против Њукасл и победивме, но сега не чека голем предизвик. Неопховни ни се бодови, но исто така размислуваат и сите во Челзи“, рече Погба.