Фудбал
Огромни проблеми за Реал Мадрид: Екипата блокирана на аеродромот
Екипата на Реал Мадрид е блокирана во авионот повеќе од еден час.
Кралевите тргнаа кон Памплона, каде утре треба да одиграат натпревар против Осасуна, но поради временските услови авионот не може да полета.
Така, играчите и стручниот штаб се заробени во авионот повеќе од еден час. Пистата е целосно замрзната и не е познато кога ќе биде достапна и подготвена за полетување.
Многу е можно натпреварот да се премести во недела. Сè води кон тоа, а одлуката ќе се знае вечерва.
Треба да се напомене дека Лука Јовиќ заработи нова повреда и тој не замина во Памплона со остатокот од тимот.