Други спортови
Охрид домаќин на ЕТУ Триатлонски европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019
На 6 и 7 јули покрај Билјанините извори во Охрид, Македонска триатлон федерација и локалниот организатор “Спорт за сите, сите за спорт” ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019. Настанот е под покровителство Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт, и Македонскиот олимписки комитет, помогнат од Сојуз на спортови на МК како и МВР на РСМ.
„Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори.
„Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули (23:59:59) на https://www.smartrace.club. За сите што ќе се регистрираат заклучно со 20 јуни, во стартниот пакет ќе има и маица.“, порачува Иван Михајловски, Претседател на Македонска триатлон федерација.
Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.
Извор: Дриблинг