Connect with us

Фудбал

Олеснување за Солскјер, Јунајтед со својот клучен играч отпатува за Гдањск

Експедицијата на Манчестер Јунајтед во текот на денешниот ден отпатува за Гдањск каде во среда ќе го игра финалниот натпревар од Лига Европа против Вилјареал.

До крај ќе биде неизвесно дали за оваа средба Солскјер ќе може да смета на својот капитен и незаменлив играч од одбраната, Хари Мегваер кој се повреди на натпреварот против Астон Вила и ги пропушти последните четири натпревари од Премиер лигата.

Мегваер беше во тимот кој отпатува за Полска што значи дека постои шанса тој да се најде во составот за финалниот натпревар. Последните тестирања кои ќе бидат извршени на ден пред натпреварот ќе покажат дали стоперот ќе биде во состојба да му помогне на својот тим во намерата да го освои својот втор трофеј во Лига Европа во последните четири години.

За разлика од Мегваер, меѓу играчите кои отпатуваа во Гдањск не беше Антони Марсијал кој подолг период влече повреда и нема да може да му помогне на својот тим во последниот натпревар од сезоната.