Фудбал
Олимпијакос го пречека Марсело – и тоа како!
Бразилецот Марсело, еден од најдобрите леви бекови на 21 век, во понеделникот официјално беше претставен како новото засилување на атинскиот гигант Олимпијакос.
На стадионот „Караискаки“ се собраа околу 20.000 навивачи на црвено-белите Пиреи кои со пиротехнички средства и песни го пречекаа освојувачот на пет трофеи во Лигата на шампионите.
Марсело беше во друштво на сопругата и двете деца, а присуствуваше и спортскиот директор на црвено-белите Кристијан Каремба, исто така поранешен играч на Реал Мадрид.
Марсело (34) дојде во Реал во 2007 година од Флуминенсе. Бразилецот одигра вкупно 546 натпревари и стана најкорисниот играч во историјата на „кралскиот клуб“ со 25 освоени трофеи. За бразилската репрезентација одигра 58 натпревари и постигна шест гола.
Олимпијакос е трикратен последователен шампион на Грција, а во првите две кола од оваа сезона Пирејците освоија четири бода.
🔴⚪️🔥 This is how Olympiacos fans welcomed Marcelo! @MarceloM12 @olympiacosfc #OlympiakosFC #Olympiacos #football #EuropaLeague #RealMadrid #Marcelo #olympiakos
pic.twitter.com/OHmSRfVl8a— Totalfootball.gr (@totalfootballgr) September 5, 2022