Connect with us

Фудбал

Олимпик Марсеј одбиен од Бешикташ

Олимпик Марсеј е пред комплетирање на позајмица на играчот од средниот ред на Бешикташ, Жан Онана. Камерунецот се најде технолошки вишок во турскиот гигант откако беше суспендиран поради „лошите игри и некомпатибилноста со тимот“.

Жан Онана не доби многу шанси за настап откако помина само 12 минути на теренот во турскиот шампионат, 23-годишниот играч одигра по 1 минута на натпреварите против Караѓумрук, Пендикспор и Истанбул Башакшехир и 9 минути во натпреварот против Газиантеп. Во Конференциската лига на теренот беше 176 минути.

23-годишниот фудбалер дојде во Бешикташ летото во трансфер од Ленс, вреден 4 милиони евра.

Се очекува Олимпик Марсеј да го ангажира на позајмица до крајот на сезоната, со опција за откуп од 5 милиони евра, а трансферот е само прашање на средување на документите на Онана.

Advertisement