Фудбал
Оливер Кан: На Баерн не му треба Халанд, ние го имаме Левандовски
Баерн Минхен не е заинтересиран за норвешката суперѕвезда на Борусија Дортмунд Ерлинг Халанд, бидејќи има врвен напаѓач како Роберт Левандовски, изјави извршниот директор на „баварците“ Оливер Кан.
Што ни е Оланд, ако го имаме Левандовски“, рече Кан, цитиран од ДПА.
Левандовски продолжува да ги крши головите во Бундеслигата, иако сега има 33 години. Неговиот договор со Баерн е до 2023 година.