Connect with us

Фудбал

Операција на срцето, па потпис за Милан!

Екипата на Милан беше многу блиску до доведување на американскиот фудбалер Антоне Робинсон од составот на Виган во јануарскиот трансфер период.

Робинсон стигна до потпис на договорот со Милан во трансфер вреден 10 милиони евра, но договорот пропадна откако му беа откриени проблеми со срцето.

Разочараниот 22-годишен фудбалер е повторно во Англија, но ова лето би можел да го направи патувањето во Милано. Росонерите го задржаа интересот за овој играч и ќе се обидат да го доведат во своите редови.

Сепак, она што прво мора да се направи е операција на срцето. Требаше да се направи на почетокот на април, но беше одложено поради пандемијата на коронавирус.

Откако ќе се ослободи од срцевиот проблем, Робинсон најверојатно ќе потпише за Милан, кој не сакаше да се откаже од талентираниот дефанзивец.