Connect with us

Фудбал

Опериран 8 пати на исто место, докторите му велеа добро ќе биде ако може да оди, но тој и со 37 години игра во одлична форма (ФОТО)

Беше октомври 2016 година. Го напушти теренот во солзи. Оттогаш се мислеше дека никогаш повеќе нема да игра фудбал. Сепак, немаше предавање.

Сакан, почитуван и ценет од сите фудбалски гурмани, особено од навивачите на тимовите за кои играше Санти Казорла, тој секако е еден од најталентираните фудбалери на својата генерација.

37-годишникот како фудбалер мина низ вистински пекол. Многупати беше отпишуван, дури беше и прашање дали ќе може да оди, но секој пат ќе се враќаше посилен од било кога.

Пеколот за одличниот играч за врска започна во 2013 година на пријателскиот натпревар меѓу Шпанија и Чиле. Потоа успеа да освои две Европски првенства со Црвената фурија, а клубовите платија многу пари за него.

Виљареал го продаде на Малага во 2011 година за 23 милиони евра, а потоа Малага на Арсенал за 19 милиони. Суми кои беа врвни трансфери пред една деценија. Мајстор со топка во нозете, одличен дриблер и уште подобар техничар еден од ретките што игра подеднакво добро и со левата и со десната, Казорла беше типичен пример за модерен играч од средниот ред. Едноставно магионичар.

Против Чиле го повреди зглобот и оттогаш научи да живее и да игра со болка. Беше декември 2015 година кога ги оперираше лигаментите на левото колено, но болката во зглобот остана.

„Ако некогаш успеете да одите со синот во градината, бидете задоволни, ми рекоа лекарите“, рече Казорла пред неколку години, што најдобро опишува низ каква агонија минувал.

Тој играше против Лудогорец во октомври 2016 година во Лигата на шампионите и повторно беше тешко повреден. Потоа следеше операција на Ахиловата тетива. По еден месец му се отворила раната така што осум пати бил опериран на истото место. Вкупно 11 операции за две години.

Интересно е што тогаш на мобилниот имал фотографија како може да ја види тетивата бидејќи раната постојано се отворала и затворала.

“Доктор во Шпанија откри дека имав опасна инјекција која оштети дел од коската и ја изеде ахиловата тетива. Ми недостигаа осум сантиметри”, рекол Казорла пред пет години.

По низа терапии и речиси три години без фудбал, тој во 2018 година повторно почна да ја шутира топката, но не се врати на теренот. Неговиот договор со Арсенал истече тоа лето. Неволно беше прифатен од Виљареал.

Во подготвителниот период играше на натпреварот против Херкулес. Постепено се вратил и повторно почнал да ја покажува класата. Во втората сезона во „Жолтата подморница“ имаше учинок од 11 гола и 10 асистенции на 35 натпревари во Ла Лига.

Потоа дури се врати во шпанската репрезентација. Одигра и неколку евроквалификациски натпревари и успеа да постигне гол против Малта.

Во летото 2020 година замина во Катар каде освои серија трофеи со тимот на Ал Сад. Тој исто така блеска и оваа сезона со шест гола и осум асистенции на 16 натпревари. Иако има 37 години, дефинитивно може да се каже дека живее уште една младост и ужива во она што го пропуштил.