Connect with us

Тајмаут

Оригинална идеја, српски нисколигашки фудбалски клуб покрена кампања „Спасете ги топките“ (ФОТО)

ФК Миљаковац ја започна кампањата „Спасете ги топките“ за подигање на свеста за ракот на тестисите. Во текот на ноември, месецот на борба против ракот на тестисите, кампањата ќе се одвива преку социјалните мрежи и ќе носи важни пораки за машката популација.

Фудбалерите на Миљаковац и во текот на ноември на првенствени и европски натпревари ќе носат специјално дизајнирани шорцеви, изработени во соработка со техничкиот спонзор на клубот.

Инаку, овој клуб се натпреварува во рамките на Белградската општинска лига, во Група А. Тоа се пониските лиги во Србија.