Фудбал
Осум години беше дел од Фенербахче, има титула и два купа, сега го облече дресот на Гостивар
Се чини дека ФК Гостивар гради солиден тим за следниот дел од сезоната. Откако беше назначен за тренер Исмаил Аталан, кој е германец со турско потекло и поранешен тренер на Бохум, сега уште едно, за македонски услови, звучно и квалитетно име. Имено, Гостивар го договори 29-годишниот голман Ертен Ерсу, кој осум години беше дел од Фенербахче. Практично во овој тим ја почна кариерата, ги помина сите младински тимови, а секако стигна и до првиот тим со кој има титула и два пехари во купот.
По Фенербахче, Ерсу настапуваше за Газиантеп и Коњаспор. Финансиските детали и должината на договорот со Гостивар засега не се познати.