Connect with us

Други спортови

Откако го нокаутираше Волкановски, Махачев испрати порака: Не можам да славам, во светот се случуваат луди работи, ве молам запрете го тоа! (ВИДЕО)

Борбата меѓу Александар Волкановски и Ислам Махачев беше долго очекувана, а како и во првиот меч на овие двајца ММА борци славеше Дагестанецот. Во реваншот Махачев беше уште подобар, славеше во првата рунда со класичен и брутален нокаут. Махачев насети прилика, се втурна кон него и по серијата лакти, судијата мораше да го прекине мечот. По нокаутот Махачев не славеше многу, само испрати порака:


„Победив, но не можам да славам. Ширум светот се случуваат луди работи. Ние стоиме со вас, ние Дагестанците стоиме со Палестина. Ве молам запрете, запрете го тоа.

По победата Махачев има скор 25:1. Сега Дагестанецот ја одбрани титулата иако се подготвуваше за сосема поинаков натпревар, мислеше дека ќе се бори со Чарлс Оливеира, но на крајот за ривал го доби Волкановски.