Connect with us

Тајмаут

Откако го понижи, Наполи го провоцира Јувентус, како служат кафе по дербито? (ФОТО)

Откако го понижи, Наполи го провоцира Јувентус, како служат кафе по дербито? (ФОТО)

Фудбалерите на Наполи убедливо славеа против екипата на Јувентус со резултат 5:1 и продолжија да прават големи чекори кон титулата во Серија А. Дербито на колото заврши катастрофално за „Старата дама“, скудетото е уште далеку, а Јувентус доби шлаканица од која нема наскоро да се опорави.

Натпреварот заврши пред два дена (петок, 13 јануари), а навивачите на Наполи не престануваат со провокации и фалење на сметка на клубот кој 36 пати го освојуваше трофејот на италијанскиот шампион.

Италија е земја позната по своето еспресо, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се служи кафе на навивачите на Јувентус во Неапол. На кафето има пена, на која прецизно се исцртани грбовите на тимовите и конечниот резултат.