Други спортови
Откако го развеа македонското знаме во Мајами и освои титула светски првак, Славески порача: За мојот народ, никогаш да не зборуваш во деминутив (ФОТО)
Македонскиот боксер Горјан Славески е нов светски шампион во борби без ракавици БКФЦ – велтер категорија. Тој ноќеска во Мајами го победи Американецот Џејк Линдзи со едногласна одлука (3:0) на судиите.
Веднаш потоа на социјалните мрежи објави фотографија и порача: Никогаш не зборувај за мојот народ во деминутив!
Инаку, Славески како дете растел во Скопје, а последните десетина години е во САД, каде гради успешна кариера.