Connect with us

Фудбал

Откако го засили нападот, Њукасл тргнува по дефанзивец од 45 милиони евра, конкуренција им е Ливерпул

Според Sky Sports, целта на тимот од Ст. Џејмс Парк е 28-годишниот бразилски дефанзивец Диего Карлос, кој моментално го носи дресот на Севиља.

Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 45 милиони евра, а договорот со тимот од Андалузија му истекува во летото 2024 година, па ќе биде интересно да се види колку повеќекратниот освојувач на Европската лига ќе бара за неговите услуги.

За неговите услуги е заинтересиран и Ливерпул.

Карлос ја започна својата кариера во родниот Бразил во тимот на Деспортиво, играјќи за Сао Паоло, Паулиста и Мадуреира пред да пристигне во Европа во 2014 година во Есторил, Португалија. Пред да пристигне во Севиља во 2019 година, тој го носеше дресот на Порто и Нант.

Сезонава играше 27 пати во дресот на Севиља, а успеа да постигне два гола.

Реклама

Facebook

Реклама