Фудбал
Откако им се повреди првата цел, Интер со сите сили кон миленикот на Инзаги од Лацио
Интер во изминатите неколку дена преговараше со Борусија Менхенгладбах за ангажман за напаѓачот Маркус Турам. Сепак, тој вчера се повреди на првенствениот меч, па ќе отсуствува извесен период, поради тоа Интер со сите сили се насочува кон миленикот на тренерот Симоне Инзаги од Лацио, Хоаким Кореа. Како што пишуваат италијанските медиуми, преговорите веќе почнале, а и самиот фудбалер на Лацио порачал на раководството дека сакал да се пресели во Интер за да игра повторно под палката на тренерот Симоне Инзаги.
Наводно Интер нуди 5 милиони евра за позајмица од една година, а потоа дополнителни 25 за евентуален откуп на договорот. Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито побарал 30 милиони евра во кеш, односно веднаш да биде откупен неговиот договор.
Откако Алексис Санчез се повреди, на Интер му е потребен уште еден напаѓач за ротација со Џеко и Мартинез, бидејќи го имаат само младиот Сатриано.