Фудбал
Откако Јовиќ блесна, се огласи Зидан: Секогаш јас сум виновен, ама не е исто да играш за Реал и за друг тим
Лука Јовиќ на првиот меч откако замина од Реал Мадрид на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт постигна два гола иако во игра влезе во второто полувреме. Тренерот на Реал Мадрид беше запрашан за учинокот на Јовиќ во германскиот тим, а тој даде интересен одговор.
– Секогаш вината е моја, секогаш. Меѓутоа, тешко е да се игра за Реал, го искусив тоа како играч, вели Зидан кој притоа додава:
-Еден ден ќе постигнува многу голови и за Реал Мадрид, сигурен сум во тоа. Меѓутоа, мора да знаете дека не е исто кога играш за Реал или за некој друг клуб, вели Зидан.