Фудбал
Откако замина во Јувентус, Челзи веднаш се огласи и испрати порака до Сари
Италијанскиот стручњак Маурицио Сари денеска и официјално ја презеде екипата на Јувентус.
Сари по само една сезона ја напушти клупата на лондонскиот клуб Челзи и се врати во татковината, а после се’, Челзи му испрати порака преку твитер.
„Благодарам и се најдобро во иднина, Маурицио“, гласеше кратката порака на лондонскиот клуб со видео запис од некои негови моменти од изминатава сезона.
За потсетување, Сари претходно ја водеше екипата на Наполи која е лут ривал на Јувентус, па сигурно и поради тоа ќе има проблеми поради незадоволството на навивачите кои веќе го прашаа – имаш ли срце?
Примарната работа на Сари на клупата на „Старата дама“ е освојувањето на Лигата на шампионите.
Thank you and good luck for the future, Maurizio. ? pic.twitter.com/dGHzekBNPT
— Chelsea FC – #StayHomeSaveLives (@ChelseaFC) June 16, 2019