Фудбал
Откажан е и Вимблдон!
Продолжува ноќната мора за сите љубители на спортот. Сега откажан е и Вимблдон.
Како што се шпекулира дека тоа ќе се случи, Вимблон денес е откажано, а информациите ги објавија организаторите на турнирот.
Оваа година требаше да го гледаме 134. издание на овој турнир, но нема да дојде од тоа. Вимблдон нема да се игра во друг термин, туку ќе го гледа само следното лето 2021 година.
Ова е првпат по Втората светска војна вакво нешто да се случи со најпопуларниот тениски турнир во светот.
Неколку Мастерс турнири се откажани претходно. Ролан Гарос беше преместен за крајот на септември, а судбината на УС Опен сè уште не е позната.
Целата тениска сезона секако е прекината во овој момент и сè уште не се знае кој ќе биде првиот следен турнир. Се верува дека тенисерите, во најдобар случај, повторно ќе излезат на теренот во јули.
Од големите настани претходно беа откажаа и Европското првенство во фудбал и Олимписките игри.