Фудбал
Откриена причината поради која Манџукиќ не дебитираше за Милан против Интер
Марио Манџукиќ е најното засилување за Милан. Тој како слободен играч им се приклучи на „Росонерите“ пред неколку дена, а се очекуваше тој да се најде во протоколот за пресметката со Интер (1:2) во Купот на Италија.
Сепак, тоа не се случи, па Манџукиќ го немаше ниту во записникот за овој меч. „Спорт Италија“ пишува дека вистинската причина поради која Хрватот не настапи на овој дуел е мала повреда на зглобот на ногата, па не сакале ништо да ризикуваат. Најновите информации велат дека со Манџукиќ се е во ред и тој викендов ќе дебитира против Болоња.