Connect with us

Тајмаут

Откриени оценките на играчите на ФИФА 22: Многумина нема да се согласат со ЕА Спортс

Љубителите на фудбалски симулации со нетрпение чекаат да играат ФИФА 22, и секако дека секоја информација пред нејзиното официјално објавување е добре дојдена.

ФИФА 22 ќе биде објавена на 27 септември. Значи, треба да бидете трпеливи уште две недели, а потоа следува уживање дење и ноќе со една од најпопуларните видео игри во режија на ЕА Спортс.

Од 1993 година, ЕА Спорт се обидува да издаде нова верзија на симулацијата секоја година. Ова ќе биде случај и оваа година кога се планира излегување на ФИФА 22. Од 2003 година, традиција е играта да биде на пазарот во последната недела од деветтиот или почетокот на десеттиот месец од календарската година.

Трејлерот за новата игра на ФИФА ги воодушеви сите, а сега го дознавме рејтингот на играчите, барем на најдобрите во играта.

Најдобро оценет играч на ФИФА 22 е Лионел Меси со скор 93, потоа Роберт Левандовски од Баерн (92), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед, 91), Кевин де Брујн (Манчестер Сити, 91), Килијан Мбапе (ПСЖ, 91) ), Нејмар (ПСЖ, 91), Облак (Атлетико, 91), Хари Кејн (Тотенхем, 90), Н’Голо Канте (Челзи 90), Мануел Нојер (Баерн 90).

Многумина веруваат дека Меси помина и дека не треба да биде на првото место, и дека некои играчи како Ерлинг Халанд или Мохамед Салах заслужуваат повисоки оценки и да бидат во Топ 10 играчите со највисоки оценки.

Facebook