Connect with us

Фудбал

Откриени заразени со новиот „делта“ сој на коронавирус на ЕП 2020

Здравствените власти во Данска ги повикаа навивачите кои присуствуваа на натпреварот на Европскиот шампионат меѓу фудбалерите на Данска и Белгија да бидат тестирани за коронавирус, откако беа откриени најмалку три случаи на заразени со новиот „делта“ вид на коронавирус.

Натпреварот се одигра на 17 јуни во Копенхаген на стадионот „Паркен“.

Данскиот министер за здравство Магнус Хојнеке изјави дека околу 4.000 лица седеле во близина на луѓе кои биле позитивни на новиот „делта“ сој.

Од 2 април, Данска пријави 247 случаи на новиот т.н индиски сој на коронавирус.