Connect with us

Фудбал

Откриено зошто Ибра го кажа зборот „вуду“ во инцидентот со Лукаку, нетрпеливоста трае од Манчестер Јунајтед

Published

on

Жесток вербален дуел помеѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку на соноќешната пресметка на Интер и Милан (2:1) во Купот на Италија.

Имаше од се и сешто, до пцовки, а откриено е и зошто Ибрахимовиќ му рекол „Оди кај твоите вуду срања“.

Ова потекнува од 2018-та година кога Лукаку добил договор од Евертон. Сопственикот на мнозинскиот пакет на акции во Евертон, Ферхад Мошири тогаш изјавил дека биле на чекор до договор со Лукаку, но сепак сето тоа пропаднало откако фудбалерот бил во Африка на вуду сесија на која наводно добил знак дека не треба да потпише за Евертон, туку за Челзи.

Но, уште тогаш Лукаку демантираше вакво нешто, а на крајот не потпиша ниту за Евертон, ниту за Челзи, туку за Манчестер Јунајтед. Најави и дека ќе го тужи Мошири.

Златан знаел за оваа ситуација и синоќа се обиде да го испровоцира и секако успеа.

Сепак, нетрпеливоста помеѓу нив трае уште од Манчестер Јунајтед, каде двајцата играа заедно од 2017 до 2018-та.

Тогаш на тренинзите Ибрахимовиќ му нудел по 50 фунти ако научи да има добар прием на топката.

-Ме праша што ако сите при сите топки имам добар прием, му одговорив, ништо, ќе станеш подобар фудбалер, изјави Ибра во една прилика.

Во друго интервју, пак, зборувајќи за Лукаку, Ибрахимовиќ изјави:

-Само ова ќе го кажам за Лукаку. Не очекувајте техника од него, неговата најсилна страна е неговата сурова силина, изјавил Швеѓанецот.

 

Advertisement

Facebook