Фудбал
Отпуштија руски тренер на полувремето
Шефовите на рускиот прволигаш Ахмат Грозни беа толку лути на играта на нивната екипа при поразот од Нижни Новгород со 3-1 што го отпуштија тренерот Андреј Талалаев на полувремето, пренесува „Чампионат“.
Домаќините промашија пенал во 16. минута преку Гамид Агаларов.
Тимур Сулејманов само шест минути подоцна му донесе водство на Новгород и тоа беше доволна причина Талалаев да биде исклучен. Тренерот наводно го напуштил стадионот за време на полувремето.
Ахмат израмни во 59. минута преку Јуриј Журавлиев, но гостите повторно поведоа преку Сулејманов, а победата за гостите ја потврди Кирил Гоцук во 64. минута.
Со овој резултат Новгород го прескокна Ахмат на осмата позиција во поредокот по 9 кола.