Connect with us

Тајмаут

Отсекогаш и бил верен на Рома, но не и на сопругата Илари: Сега има нова и помлада

Легендарниот Франческо Тоти одлучи да се разведе од сопругата Илари Блази.

Поранешниот легендарен фудбалер на Рома е 17 години во брак со Илари, а заедно се 20 години, но се чини дека на се му дојде крајот.

Страста меѓу нив веќе некое време ја нема, а на почетокот на февруари работите се влошија, па на крајот дојде до „договорен раскин“, кој, сепак, допрва треба да биде потврден.

Во меѓувреме, поранешниот репрезентативец на Италија има нова девојка, а италијанските медиуми уверуваат дека тоа е Ноеми Боки, 34-годишната русокоса која ја краси убавина и згодно тело, но секако има и ред други работи кои на Кралот на Рома се допадна.

Наводно, љубовта меѓу двајцата се родила пред неколку месеци. Ноеми е дипломиран економист, но и таа е страсна за фудбалот, исто како и нејзиното ново момче.

Таа еднаш гледаше натпревар на Рома со Франческо, а парот неодамна беше виден на вечера во ресторан во Торино.

Тоти ја напушти куќата во која живееше со Илари, а во неговото срце веќе некое време живее Ноеми, чиј поранешен сопруг, доста интересно, Марио Каучи беше тренер на аматерскиот тим Лацио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilary Blasi (@ilaryblasi)