Фудбал
Отстранет банерот на Азар од „Стемфорд Бриџ“
Откако Еден Азар потпиша за Реал Мадрид, Челзи од „Стемфорд Бриџ“ ќе го отстрани банерот кој му беше посветен.
„Garden of Eden“ пишува на банерот во боите на белгиското знаме кој е поставен на една од трибините на „СтемфордБриџ“
Меѓутоа, откако Азар потпиша за Реал Мадрид, истиот ќе биде отстранет од стадионот.
Покрај се што направил за Челзи, клубот нема да дозволи банерот со неговиот лик да биде на трибините.
„Ги отстрануваме сите банерите на играчите кои моментално играат за други тимови и ги враќаме ако се вратат“, објавиа од организациската група „We Are The Shed“.
Слична ситуација се случи кога клупската легенда Дидиер Дрогба го напушти клубот, но сега има нов банер на „Стемфорд Бриџ“.
Азар официјално ќе биде претставен како играч на Реал Мадрид во четврток по завршувањето на лекарските прегледи.
Последниот натпревар за Челзи го одигра 29. мај во Баку во финалето од Лига Европа, кога неговиот тим славеше против Арсенал со 4:1. Во Рела ке го носи бројот седум кој му припаѓаше на Роналдо.