Connect with us

Тајмаут

Ова е Грејси и најави дека се враќа на мотоспортот зад воланот, ќе биде жешко (ФОТО)

Ѕвездата на ONLYFANS, Рене Грејси потврди дека потпишала договор за враќање во мотоспортот.

Грејси (28) беше поранешен возач на суперавтомобил пред да отвори свој профил на страницата за возрасни, каде продава свои секси фотографии и видеа, а веќе неколку години планираше да се врати во мотоспортот.

Убавицата се оддалечи од спортот во 2017 година откако возеше во Карера Купот и Супер2.

Грејси ја донела одлуката да се повлече од мотоспортот бидејќи не заработувала доволно пари за да ја продолжи својата страст и наместо тоа, ја променила кариерата и го истористила својот атрактивен изглед.

Сепак, ѕвездата на OnlyFans најави дека ќе се врати зад воланот во серијата GT World Challenge Australia. Се чини дека на страницата за возрасни добро и оди, па сега може да се врати на својата страст, мотоспортот, па и да не заравотува многу.