Фудбал
Ова е хит приказна-Како Кулушески ги скарал Паратичи и Конте, а вмешан бил Лукаку?!
Антонио Конте откри нешто интересно за „завојуваните“ страни кога тој, спортскиот директор Фабио Паратичи и Дејан Кулушевски не беа во ист клуб.
Конте тогаш бил тренер на Интер, Кулушевски блеска како член на Аталанта, а Фабио Паратичи е спортски директор на Јувентус.
Конте се обидел да го доведе Кулушевски во Интер, сите го знаете епилогот – заврши во Јувентус, од каде сега дојде во Тотенхем.
„Паратичи го донесе Кулушевски во Јувентус само за да ми наштети, затоа што го сакав во Интер. Секогаш се работи за стратегија. Тој исто така се обиде да го преземе Лукаку од мене, бидејќи многу добро знаеше колку сакам тој да биде главен во мојата тим,“, откри Конте.
Неколку месеци подоцна, сè се сврте наопаку. Паратичи прво го донесе Конте, а потоа заедно го доведоа и Кулушевски од Јувентус.
Без нервоза, само работа, би рекол некој, нели?