Фудбал
Ова е понудата на Реал Мадрид за Алегри…
„Марка“ објави дека претседателот Флорентино Перез минатата седмица лично се сретнал со екс-тренерот на Јувентус, а во своето денешно издание мадридскиот весник ги обелодени и деталите од понудата што „кралевите“ му ја доставиле на Алегри.
„Газета дело Спорт“ открива дека Флорентино Перез веќе го исконтактирал Масимилијано Алегри и му ја доставил првата понуда за да го преземе столчето кое ќе остане празно со очекуваното заминување на францускиот стручњак, што воедно претставува втора официјална понуда од претседателот на Реал до поранешниот предводник на Јувентус.
Алегри има добро педигре. Ја освојуваше Серија А со Милан и со Јувентус. Со „росонерите“ беше првак во 2010/11 со Јувентус освои пет титули во периодот од 2014 до 2019 и два пати играше финале во ЛШ во 2015 и 2017 година.