Connect with us

Други спортови

Ова е тренерот кој одби да работи со Роже Федерер

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер има освоено 20. грен слем титули и најверојатно е најдобриот тенисер на сите времиња, но има еден човек кој одби да работи со него.
Дарен Кејхил кој во совјата богата кариера работеше со легендарните Андре Агаси, Лејтон Хјуит, потоа со Енди мареј, Ана Ивановиќ, Фернандо Вердаско и Даниела Хантухова, во 2009 година беше на прагот да му се пруклучи на тимот на Федерер.

Тренираа заедно девет дена во Дубаи и се беше скоро договорено, но Австралиецот се предомисли, бидејќи мислеше дека како постојан тренер на Федерер не би имал време за семејството, неговата сопруга Викторија и двете деца кои живееја во Лас Вегас.

-Дарен е неверојатен човек, фантастична личност и тоа би бил вбистински подарок за Федерер. Сепак, Дарен не сакаше толку многу да патува, сакаше да биде со семејството, вели тренерот на Федерер, Тони Годсик.

Кејхил во последните четири годиниработеше како тренер на романската тенисерка Симона Халеп , а на крајот од сезонава објави дека ќе направи едногодишна пауза со цел повеќе време да помине со семејството.