Connect with us

Кошарка

Ова е циркус-Сопственикот на Панатинаикос бесен по поразот од Партизан

Димитрис Јанакопулос бесен на судиите по поразот од Партизан во Белград. Првиот човек на Панатинаикос повторно се огласи на социјалните мрежи и жестоко ги нападна судиите кои ја делеле правдата во „Арената“ (Емин Могулкоч, Олегс Латишевс и Жорди Алијага).

Тој не беше задоволен од некои нивни одлуки и тоа го објави на својот Инстаграм профил. Тој објави видео од неколку судиски одлуки кои беа против неговиот тим и тврди дека тие биле погрешни. Во пораката го спомена и Дубаи, екипа која во иднина треба да влезе во Евролигата. „Не е важно колку арапски и нивните нафтени долари ќе внесете во лигата, со ова ниво на судење ниту една сериозна компанија нема да инвестира. Никој нема да го стави своето име во овој вид циркус“, напиша Јанакопулос.

Инаку, Партизан славеше со 92:87.