Connect with us

Фудбал

Ова ли е најскапиот дефанзивец во светот, погледнете ја аматерската грешка (ВИДЕО)

Манчестер Сити го потврди првото место и максималниот учинок во групата Г. Сити одигра очајно прво полувреме против Лајпциг и губеше со 2:0, но сепак европскиот првак направи пресврт и победи. Тоа го донесоа Халанд во 54. минута, Фоден во 70. минута и Алварез во 87. минута.

Сепак, иако Гвардиола има причина да се радува на победата – има работи од оваа игра што можат и треба да го загрижат… Ова пред се се однесува на головите кои Лоа Опенда ги постигна на „Етихад“ кога одбранбените играчи на Манчестер Сити реагираа аматерски. Прво Аканџи ја „заборави“ топката и дозволи Опенда да му се оттргне и да постигне гол, а потоа и  Белгиецот истрча половина терен, а потоа  го помина Гвардиол како да не постои.