Connect with us

Други спортови

Ова не е сестрата на Ерлинг Халанд: Таа е ќерка на легенда на боречките вештини и веќе соборува рекорди

Една 21-годишна девојка неодамна се најде во центарот на спортската јавност по рекордот кој го постави, но пред се поради својот изглед. Нејзиното име е Мија, има 21 година и постави рекорд на Државниот колеџ во Колорадо откако ја фрли ѓулето 18,5 метри. Тоа е и најдобриот резултат за натпреварувачи до 21 година во светот.

Но, по објавувањето на веста, таа доби многу коментари на социјалните мрежи од Европејците, кои најмногу се состоеа од фотографии на Ерлинг Халанд. И навистина, на почетокот може да се помисли дека е во роднинска врска со познатиот Норвежанец.

„Брок, престани да нè нервираш, извади ја периката!“ беше еден од коментарите кои привлекоа големо внимание.

Миа е ќерка на познатиот Американец Брок Леснар, легендата на боречките вештини и навистина е негова идентична копија во лице.