Connect with us

Кошарка

Ова не се памети: 26 секунди од НБА натпреварите траеја 20 минути (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс синоќа го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 105-102.

Во многу возбудлив натпревар Клиперси повторно го совладаа градскиот ривал, а Леброн Џејмс со звукот на сирената промаши шут за три поени и продолжение.

И овој натпревар донесе нешто што не се памети во светот на кошарката. Последните 26 секунди од натпреварот траеја дури 20 минути во реално време.

Ова се случи поради судиските прегледи на акциите, екипите бараа тајм-аути и на крајот финишот траеше цела вечност.

На 26,3 секунди до крајот, тренерот на Клиперс, Тајрон Лу, побара преглед на акцијата, верувајќи дека Леброн Џејмс стапнал на теренот во една акција. Тие го гледаа ова дури 10 минути.

Тие потоа го гледаа прекршокот на Тален Хортон-Такер врз Реџи Џексон, а конечно по продолжението на натпреварот топката отиде во рацете на Лејкерси бидејќи Клиперси не ја извадија на време.

Сепак, Лејкерси не искористија два напада до крајот. Го пробаа Кармело Ентони, а потоа и Леброн Џејмс, па великанот од Лос Анџелес доживеа нов пораз.

Лејкерси моментално се на деветтото место во Западната конференција со сооднос 27-32 и оваа сезона е вистински хорор за Леброн и друштвото.