Connect with us

Фудбал

Ова нема да им се допадне на навивачите на Интер, ако Пиоли добие отказ, ќе го наследи поранешен тренер на нивниот градски ривал!?

Милан одлучи да не го отпушти тренерот Стефано Пиоли во овој момент.

Според „La Gazzetta dello Sport“, за ваква одлука одлучиле големиот број повици од играчи и функционери до раководството на клубот, кои во најголем дел го поддржувале Пиоли.

Најверојатно Пиоли ќе остане на чело на Милан до крајот на сезоната.

Како што е наведено, Антонио Конте, кој е невработен од март 2023 година по заминувањето од Тотенхем, би можел да биде поканет во клубот на лето. Се размислува и за тренерот на младинците Игнацио Абате.

Милан е на третото место на табелата во Серија А, со дури 11 бода заостанување зад лидерот Интер.