Connect with us

Фудбал

Ова се фудбалерите со најмала плата во Премиер лигата, едно име меѓу нив е изненадување!

Ѕвездите на Манчестер Сити, Кевин де Брујн и Ерлинг Халанд имаат најголема плата во англискиот фудбал. Сосема заслужено, највисока плата има Де Брујн, кој сите овие години беше лидер на Сити, а по него е човекот кој веројатно ја донесе тројната круна минатата сезона.

Де Брујн заработува 23 милиони евра годишно во Манчестер Сити, а Халанд заработува 22,4 милиони евра. Но, од друга страна има фудбалери кои заработуваат неспоредливо помалку пари од останатите ѕвезди и колеги кои собираат вистинско богатство поради тоа што го работат.

Неславната „титула“ на играчот со најниска плата во Премиер лигата ја има Алекс Мајтен, фудбалер на Нотингем Форест кој моментално е на позајмица во белгиски Кортријк. Според неговиот професионален договор, овој 21-годишник заработува нешто помалку од 4.000 евра неделно.

На второ место е Рис Норингтон-Дејвис (Шефилд Јунајтед) со плата од 4.600 евра неделно, а на третото место е Џордан Кларк (Лутон) со 5.700 евра неделно. Во тимот од 10 фудбалери со најниски плати во Премиер лигата нема големи ѕвезди, освен поранешниот прв голман на Ливерпул Лорис Кариус.

Неговото име ги изненади навивачите ширум светот затоа што и покрај некои слаби игри како онаа во финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид кога „се прослави“, тој сепак е некогаш многу почитуван голман чија вредност надмина 10 милиони евра. Кариус моментално е член на Њукасл каде заработува 11.500 евра неделно.

Играчи кои заработуваат најмалку пари во Премиер лигата со професионални договори:

(1.) Алекс Мајтен (Нотингем Форест) – 4.000 евра неделно

(2.) Рис Норингтон-Дејвис (Шефилд Јунајтед) – 4.600 евра неделно

(3.) Џордан Кларк (Лутон) – 5.700 евра

(4.) Џејмс Шеј (Лутон) – 8.600 евра

(5.) Пели Рудок Мпанзу (Лутон) – 8.600 евра

(6.) Кортни Хаус (Астон Вила) – 9.280 евра

(7.) Лорис Кариус (Њукасл) – 11.500 евра

(8.) Џорџ Болдок (Шефилд Јунајтед) – 11.500 евра

(9.) Томи Дојл (Манчестер Сити на позајмица во Волвс) – 11.500 евра

(10.) Макс Лоу (Шефилд Јунајтед) – 11.500 евра.