Connect with us

Кошарка

Ова се случува за прв пат во историјата на НБА лигата!

Во Западната конференција на НБА-лигата се создаде досега невидена ситуација.

Оклахома, Минесота и Денвер по 81 натпревар имаат ист биланс – 56 победи и 25 порази.

За прв пат во историјата на НБА, три екипи се во конкуренција за лидерската позиција во конференцијата на еден натпревар до крајот на регуларниот дел од сезоната.

Оклахома ќе го затвори регуларниот дел од сезоната со средба со Далас, Минесота ќе игра со Феникс, а Денвер со Мемфис.

Advertisement