Connect with us

Фудбал

Оваа фотографија на Нејмар со Меси објавена вчера, денеска веројатно кажува се

Барселона потврди дека Лионел Меси нема да го продолжи договорот и дека заминува. Финансиските услови се најголемата причина, па Аргентинецот по 21 година и 778 мечеви во дресот на Барселона, од следната сезона ќе има нов клуб. Најголем фаворит е ПСЖ, а фотографијата која вчера ја објави Нејмар со Меси, на која уште беа Ди Марија, Верати и Паредес, веројатно денеска дава одговор на многу прашања. Но, да почекаме, наскоро ќе биде појасно.