Тајмаут
Оваа с*кси бомба е во паника, стравува дека познатиот тенисер, нејзино поранешно момче, има голи фотографии и видеа (ФОТО)
Познатиот поранешен аргентински тенисер Давид Налбандијан, беше обвинет од неговата поранешна девојка Арачели Торадо за малтретирање. Следуваше тужба, па Аргентинецот ќе мора да оди на суд.
Кој би помислил дека вакво нешто ќе му се случи на Давид Налбандијан. Некогаш еден од најпопуларните тенисери кој одлично го играше „белиот спорт“, сепак, според неговата поранешна девојка, тој не е најдобар во врската, па отишла во полиција во април 2023 година, а потоа таа едноставно раскина со познатиот играч.
😳
– This video shows a hidden camera in Nalbandian’s ex-girlfriend’s apartment being found.
– Judge ruled it WAS installed by David, but was not a crime, as they both shared the apartment.
– She is now suing him for sexual harassment and stalking.pic.twitter.com/RPHreWoIDz
— Olly 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) November 22, 2023
Таа тврди дека Налбандијан поставил камера во куќата што и ја изнајмил во Буенос Аирес.
Таа до судот доставила снимка од моментот кога нејзиниот брат ја наоѓа камерата во клима уредот, а според неа има и признание од аргентинскиот тенисер дека ја поставил камерата во нејзината соба.
View this post on Instagram
Братот на Арсела кога влегол во нејзината соба забележал одраз зад отворот на клима уредот, па го тргнал капакот и ја нашол камерата. Таа потоа добила напад на паника кога сфатила дека Дејвид можеби ги има нејзините голи видеа на телефонот, а потоа решила да излезе во јавност.
– Добро е што можам да разговарам јавно и да ја претставам мојата страна на приказната. Овој момент го чекам со месеци, бидејќи жалбата ја поднесов кон средината на годината. Ми олесна што правосудниот систем одговори. Налбандијан ме снимаше доволно долго за да има видеа и фотографии од мене гола, како и други приватни моменти во кои бевме вклучени јас, моето семејство и моите пријатели. Ме фаќа паника за се што може да има во телефонот. Сакам судски налог за одземање на неговите електронски уреди, изјавила таа.
View this post on Instagram
Инаку, Налбандијан е еден од најдобрите аргентински тенисери на сите времиња, успеа да освои 11 АТП титули, да биде трет во светот, но никогаш не освои Грен слем. Најблиску до тоа беше на Вимблдон, каде во 2002 година беше поразен во финалето од Лејтон Хјуит.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram