Тајмаут
Оваа убавица, која има свој профил на сајтот за возрасни „OnlyFans“ дебитираше во боксот, можеби требаше таму и да остане (ФОТО)
Ѕвездата на ММА и OnlyFans, Семи-Џо Лукстон, го имаше своето деби во бокс како пред борба на настапот на Флојд Мејведер. Мејведер (46) се спротивстави на Арон Чалмерс на егзибиционен меч во О2 Арената во Лондон во саботата, a боксерскиот меч Лукстон против Хејли Бараклоу беше воведно шоу. Инаку, Лукстон се натпреваруваше досега во ММА, откако освои сребрен медал на ЕП во Муаи Таи. Дебито во боксерски меч е нејзина трета дициплина во која се испробува. Иако претрпе доста удари, сепак Лукстон, позната и како „Гето Пепелашка“, со едногласна одлука на судиите победи уште една ММА ѕвезда и почетничка во боксот Хејли Бараклоу (32).
