Connect with us

Фудбал

Озил е неколку дена во Истанбул, но се уште не потпишал за Фенербахче, еве и зошто!

Месут Озил неколку дена е во Истанбул, меѓутоа се уште не потпишал официјален договор со Фенербахче. Сепак, навивачите на турскиот гигант нема потреба да се грижат бидејќи се е готово и нема никаков проблем. Причината поради која Озил се уште не потпишал е поради тоа што мора да мине неколку дена во карантин според турските закони, бидејќи доаѓа од земја која има висок процент на заразени со коронавирус, односно Велија Британија.

Откако ќе ги мине потребните денови во карантин, ќе оди на лекарски прегледи, а потоа ќе биде официјализирана соработката.